Во јуни е нанесен тежок удар врз терористичката ЈПГ/ПКК: Неутрализирани се вкупно 86 терористи

Турските безбедносни сили деноноќно ги продолжуваат операциите против терористите како во градовите и руралните подрачја внатре во границите на земјата, така и надвор од земјата преку границата

1448991
Во јуни е нанесен тежок удар врз терористичката ЈПГ/ПКК: Неутрализирани се вкупно 86 терористи

Во успешно реализираните операција против терористичката организација ЈПГ/ПКК која за пореметување на мирот, спокојството и безбедноста на Турција извршува крвави терористички акции во кои не се воздржува од убивање дури и на бебињата и децата, во месец јуни се неутрализирани вкупно 86 терористи меѓу кои се наоѓаат и високи членови т.н. раководители од водечкиот кадар на организацијата.

Турските безбедносни сили деноноќно ги продолжуваат операциите против терористите како во градовите и руралните подрачја внатре во границите на земјата, така и надвор од земјата преку границата.

Се води беспоштедна борба против терористите под секакви тешки временски и теренски услови.

Во тие рамки, во реализираните операции внатре во границите на земјата и надвор преку границата во месец јуни се неутрализирани вкупно 86 терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК меѓу кои се наоѓаат и високи членови т.н. раководители од водечкиот кадар на организацијата, а некои терористи се предадоа или пак се фатени живи.

Турските безбедносни сили ја продолжуваат со одлучност и непрекинато борбата за уништување на терористичките елементи, како внатре во границите на земјата, така и надвор од земјата преку границата.



Слични вести