Претседателот Ердоган: Градските болници во Турција се број еден во Европа, а од изброените во светот

Претседателот Ердоган истакна дека градските болници во Турција се број еден (на прво место) во Европа, а од изброените (меѓу првите, неколкуте) во светот

1448975
Претседателот Ердоган: Градските болници во Турција се број еден во Европа, а од изброените во светот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свечено отворање на градската болница Картал д-р Лутфи Кирдар во Истанбул истакна дека градските болници во Турција се број еден (на прво место) во Европа, а од изброените (меѓу првите, неколкуте) во светот.

Ердоган рече: „Нашата нова болница освен тоа што е дело коешто му доликува на Истанбул, особено сакавме да биде еколошка (еко-пријателска) и издржлива на земјотреси. Болницата, со 855-те изолатори коишто се наоѓаат на основата на заградата стана едниот од најспремните, најиздржливите објекти на земјотреси во Истанбул.“

„Во нашата болница која со својата опременост, инфраструктура е од предводниците во својата сфера, планираме годишно да се лекуваат 3,5 милиони пациенти на нозе, 150 илјади пациенти со нивно сместување хоспитализирање (болнички третман). Овде планираме да се реализираат годишно 100 илјади хируршки операции на чело со операција на рак.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која стана причина за смртта на 550 илјади луѓе во светот уште еднаш го изнесе значењето на здравството и на здравствената инфраструктура, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со слдните зборови: „Благодарение на преземените мерки и развиените методи зазедовме место меѓу земјите кои ја пребродија епидмеијата со најмали човечки загуби.Не вративме од вратата на болниците ниту еден наш граѓанин под закана на епидемијата, не го занемаривме лекувањето на ниту еден заболен. Во овој тежок процес на секоја единка од 83 милионското население и обезбедивме здравствена услуга од прв степен. Нашата примерна борба против коронавирусот отвори прозорец на нови можности пред Турција во здравствениот туризам. Одлучни сме Турција да ја доведеме во положба на здравствен центар на три континенти.“

Претседателот Ердоган нагласи дека од Бразил до Етиопија на неколку континенти почнаа да се коистат апарати за дишење (респиратори) од турско производство и го подвлече следното: „На 138 земји во светот им испративме медицинска опрема и медицински материјали беа да правиме никаква верска, јазична, расна и регионална дискриминација. Нашите градски болници, ова го велам со претенциозност, се број еден (на прво место) во Европа.Во светот пак се од изброените (меѓу првите, неколкуте).“

 



Слични вести