Пофалби од украинскиот министер за надворешни работи Кулеба за преземените мерки за туристичката сезона во Анталија

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кој е и првиот гостин министер кој допатува во познатиот туристички центар Анталија во процесот на нормализација го рече следното: „Турција ги презела најдобрите мерки за туристите.“

1448749
Пофалби од украинскиот министер за надворешни работи Кулеба за преземените мерки за туристичката сезона во Анталија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анталија се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, а во рамките на 8. состанок на Турско-украинската група за заедничко стратешко планирање.

По состанокот двајцата шефови на дипломатии одржаа заедничка прес конференција на која одговараа и на прашањата на новинарите.

На едно поставено новинарско прашање „Украинските туристи почнаа да доаѓаат во Турција, дали борбата на Турција против епидемијата на Ковид-19 беше влијателна во тоа?“, украинскиот министер за надворшени работи Дмитро Кулеба кој е и првиот гостин министер кој допатува во познатиот туристички центар Анталија во процесот на нормализација, нагласи дека единствениот критериум за Украина за одмор е безбедноста и рече: „Турција ги презела најдобрите мерки за туристите. И јас лично ги видов овие преземени мерки. Како што кажа и мојот турски колега (Чавушоглу) самиот лично видов дека сѐ се прави правилно.“

Потсетувајќи и на тоа дека трговскиот обем помеѓу двете земји е на многу добро ниво, Дмитро Кулеба истакна дека насекаде низ Украина мошне лесно можат да се најдат турски производи.



Слични вести