Одговор од Турција на критиките на Египет во врска со прекуграничните операции на северот на Ирак

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој одговори на соопштението на Министерството за надворешни работи на Египет во однос на операциите „Канџа-Орел“ и „Шепа-Тигар“ коишто продолжуваат во северниот дел на Ирак

1448719
Одговор од Турција на критиките на Египет во врска со прекуграничните операции на северот на Ирак

Турција ги негираше критиките на Египет во однос на операциите „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal) и „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) коишто се реализираат од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак и информира дека „трагикомично е тоа што оние кои се дојдени на власт со воен удар да ги осудуваат операциите против тероризмот“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со соопштението на Министерството за надворeшни работи на Египет во однос на операциите „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal) и „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) коишто продолжуваат преку границата, во северниот дел на Ирак.

Аксој рече: „Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Арапската Република Египет се осудуваат операциите „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal) и „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) коишто се ги реализираме против терористичката организација ПКК, вгнездена во северниот дел на Ирак од кадешто со децении врши зулум освен против нашата земја и против народот во Ирак. Го негираме тоа што нашата земја се обвинува за извор на нестабилност.“ 

Велејќи дека трагикомично е тоа што оние кои се дојдени на власт со воен удар да ги осудуваат операциите против тероризмот, портпаролот на Министерството за надворшени работи Хами Аксој го подвлече следното: „Трагикомично е тоа што оние кои се дојдени на власт со воен удар и кои се закануваат со интервенција врз Либија за поддршка на Хафтар кој исто како и тие е пучист, да ги осудуваат нашите операции против тероризмот. Овие видови изјави се иницијативи коишто се во услуга на крволочната терористичката организација ПКК, а не на нашиот братски ирачки народ до кого стоиме постајно. Не треба да се заборави дека терористичката организација ПКК се заканува и на стабилноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Ирак. Ние како Турција ќе продолжиме да стоиме со одлучност покрај ирачкиот народ чии права се одземаат насилно од страна на ПКК и нејзините поддржувачи, и со одлучност ќе продолжиме да водиме борба против тероризмот.“



Слични вести