Кај Тунџели се неутрализирани двајца терористи од кои едниот од сива категорија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во антитерористичка операција вчера од страна на безбедносните сили во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, се неутрализирани двајца терористи од кои едниот од сива категорија

1448771
Кај Тунџели се неутрализирани двајца терористи од кои едниот од сива категорија

Установено е дека едниот од двајцата неутрализирани терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од страна на единиците на жандармеријата во руралното подрачје на градот Тунџели, се наоѓал во списокот на барани терористи внесени во категоријата означена со сива боја.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во реализираната антитерористичка операција вчера од страна на безбедносните сили во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, се неутрализирани двајца терористи.

Установено е дека едниот од терористите се наоѓал во списокот на барани терористи внесени во категоријата означена со сива боја по кого е распишана награда во износ од 500 илјади турски лири (приближно 70 илјади долари).



Слични вести