Два турски воени авиони од типот Ф-16 уништија терористички цели на северот на Ирак

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на операцијата за борба против тероризмот два воени авиони на турските Воздушни сили од типот Ф-16 уништија утврдени терористички гнезда во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак

1448659
Два турски воени авиони од типот Ф-16 уништија терористички цели на северот на Ирак

Два воени авиони на турските Воздушни сили од типот Ф-16 уништија утврдени терористички цели во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека во рамките на операцијата за борба против тероризмот од страна на два воени авиони на турските Воздушни сили од типот Ф-16 се  уништени утврдени терористички гнезда во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак.

Во соопштението стои следната забелешка: „Орлите на небото секогаш се на својата задача... Задачата е реализирана успешно.“



Слични вести