Сочувство од Турција до Мјанмар за загинатите во лизгањето на земјиштето

Министерството за надворешни работи објави соопштение со сочувство за загинатите во лизгањето на земјиштето до коешто дојде вчера во југоисточноазиската држава Мјанмар

1448603
Сочувство од Турција до Мјанмар за загинатите во лизгањето на земјиштето

Турција објави порака со сочувство за загинатите во лизгањето на земјиштето до коешто дојде вчера во југоисточноазиската држава Мјанмар.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека е дочекана со жалење веста за лизгањето на земјиштето (свлечиштето) во еден рудник за жад во северниот дел на Мјанмар во кое животот го загубија најмалку 162 лица, повеќе од 45 лица се повредени и се водат за исчезнати засега непознат број лица.

Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето искрено сочувство до блиските на загинатите и пријателскиот мјанмарски народ, на повредените им посакуваме побрзао оздравување и изразува надеж за што поскоро пронаоѓање на лицата кои се водат како исчезнати.“

Инаку, во свлечиштето до коешто дојде вчера во еден рудник за вадење на жад во населеното место Хпакант по силните врнежи од дожд коишто ја погодија провинцијата Качин, животот го загубија најмалку 162 лица, повеќе од 45 лица се повредени и се водат за исчезнати засега непознат број лица.

 



Слични вести