Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер отпатуваа за Либија за увид на лице место на активностите во рамките на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете земји

1448391
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во посета на Либија
Hulusi Akar4.jpg
Hulusi Akar1.jpg
Akar.jpg
akar libya.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер отпатува во изненадна посета на Либија.

Министерот Акар и генерал на армија Ѓулер отпатуваа за Либија за увид на лице место на активностите во рамките на потпишаниот меморандум за разбирање помеѓу двете земји.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, по приредената воена церемонија преминаа во Командата за одбранбено-безбедносна соработка и обука, помош и советување во Триполи, којашто е формирана во рамките на потпишаниот меморандум.

Овде министерот Акар и генерал на армија Ѓулер се состанаа со турските и либиските војнииц.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер се состанаа со командантот на Одделот на западната операција на либиската армија Усаме Џувејли од чија страна беа информирани во врска со последните случувања на теренот.

Во оваа пригода, министерот Акар рече: „Ќе продолжиме да им доставуваме поддршка на нашите либиски браќа за да живеат поспокојно, посреќно и во поголема доверба.“

„Би сакал да знете дека и денеска и утре сме покрај вас и дека во рамките на инструкциите на нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) ќе направиме се што е потребно за нашите либиски браќа. Во право сте, ќе победите, ние веруваме во тоа. Другите сигурно ќе го добијат заслуженото поради нивната неправда. Ќе изгубат и тие и оние кои ги поддржуваат, ќе бидат поразени.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пак, во дадената изјава во врска со оваа посета го рече следното: „Со сериозност и одлучност треба да продолжат активностите коишто се реализираат помеѓу нас и легитимната и актуелна Влада во Либија. Тоа е она што се прави. Министерот за одбрана замина во посета. Со работите коишто ќе ги реализираат таму сакаме да го продолжиме од уште поблиско маркирање процесот во Либија. Активностите помеѓу нас и актуелната легитимна влада во Либија треба да се водат со уште поголема сериозност и одлучност.“

Претседателот Ердоган се осврна и на вчерашната остварена посета на Катар во врска со што рече: „Посетата на Катар е мојата прва надворешна посета по Ковид-19. Со катарскиот емир Тамим Бин Хамад Ал Тани разговаравме за сите прашања посветени на регионалните земји.“



Слични вести