Министерот Коџа: Во експлозијата кај Сакарја загинаа 4 лица, а 97 мина се ранети

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во експлозијата во фабриката за пиротехнички средства во населеното место Хендек кај градот Сакарја загинаа 4 лица, а 97 мина се ранети

1448634
Министерот Коџа: Во експлозијата кај Сакарја загинаа 4 лица, а 97 мина се ранети

Во експлозијата во фабрика за пиротехнички средства во населеното место Хендек кај градот Сакарја, загинаа 4 лица, а 97 мина се ранети. 

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека во врска со експлозијата го истакна следното: "Моментално станува збор за четворица наши загинати граѓани. Во нашите болници се хоспитализирани 97 ранети."

Инаку, во една фабрика за пиротехнички средства во месноста Јукаричалиџа кај населеното место Хендек близу градот Сакарја поради засега точно неутврдени причини дојде до експлозија по што веднаш на местото на настанот беа испратени противпожарни екипи, медицински екипи и екипи за пребарување и спасување.

 



Слични вести