Министерот Чавушоглу оствари средба со Зеховер

Министерот Чавушоглу претходно оствари средба и со германскиот колега Хеико Маас

1448086
Министерот Чавушоглу оствари средба со Зеховер

Во рамките на еднодневната посета на Германија, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу оствари средба со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зеховер.

Чавушоглу во објавата преку профилот на твитер истакна дека на средбата размениле мислења во врска со здравата и безбедна посета на германските туристи на Турција, заедничката борба против терористичките организации ПКК и ФЕТО кои исто така претставуваат закана и за Германија, нерегуларната миграција, расистичките напади и акциите против турската заедница во Германија.

Министерот Чавушоглу претходно оствари средба и со германскиот колега Хеико Маас.



Слични вести