Ердоган: „Обвинувањата во врска со Ајасофија директно се насочени против нашиот суверенитет“

Како што ние не се мешаме во светилиштата и храмовите на другите земји коишто пружаат верски услуги на своите граѓани, така и тие немаат никакво право и надлежност да се мешаат во нашите

1448502
Ердоган: „Обвинувањата во врска со Ајасофија директно се насочени против нашиот суверенитет“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „обвинувањата во врска со Ајасофија директно се насочени против суверенитетот на Турција.“

Во говорот на свеченото фрлање на камен-темелникот на џамијата Левент во Истанбул, претседателот Ердоган рече:

„Како што ние не се мешаме во светилиштата и храмовите на другите земји коишто пружаат верски услуги на своите граѓани, така и тие немаат никакво право и надлежност да се мешаат во нашите. Обвинувањата насочени против земјата, директно се насочени против нашите суверени права.“

Претседателот Ердоган во продолжение рече дека освен правата на муслиманите како доминантна верска група во Турција, ќе продолжат да ги баранат и правата на другите верски заедници во земјата и додаде:

„Милиони луѓе во светот се изложени на секаков вид притисок, вклучувајќи ја и заканата за животите, само поради различната вероисповед. Токму тоа суштината на која треба да се фокусираме и да се преземат потребните мерки“ подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести