Ердоган: „Блескавата ѕвезда на наовиот период ќе биде Турција“

Епидемијата уште еднаш ни посочи на значењето на два сектори и тоа здравствениот и прехранбениот и земјоделсктиот

1448609
Ердоган: „Блескавата ѕвезда на наовиот период ќе биде Турција“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција се посочува како блескава ѕвезда на новиот период.

Развиена и засилена Турција, по зацртаниот пат ќе продолжи да влева надеж како за сите пријателски, братски земји така и за угнетените. Сите 81 градови со 83 милиони жители заедно и сложно ќе ги оствариме превидените цели за 2023 година.

Во говорот на свеченото отворање на 1-та, 2- та и 3-та етапа на системите за наводнување на полето на Коња, Ердоган рече дека се решителни во сеопфатното искористување на потенцијалите на земјоделството на Турција.

Алудирајќи на периодот на пандемијата од Ковид-19, претседателот Ердоган рече дека во период кога полиците во голем број земји останаа празни и не можеа да се намират дури основните потреби, нашата земја не се соочи со никакви тешкотии, биддејќи Турцина е земја којашто располага со сила на производствена моќ која ги надминува своите потреби.

Епидемијата уште еднаш ни посочи на значењето на два сектори и тоа здравствениот и прехранбениот и земјоделсктиот. Успешно ги поминавме двата теста на кои бевме изложени“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести