Експлозија во фабриката за пиротехнички материјали во Сакарја

Ердоган: „Преземени се сите потребни мерки и се надеваме дека повредените ќе се вратат здрави и живи“

1448517
Експлозија во фабриката за пиротехнички материјали во Сакарја

Во експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали во Хендек кај Сакарја загинаа 2, а 74 лица беа повредени.

Според информациите, експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали на локацијата Јукаричалиџа кај Хендек се случи околу 11.15 часот според локално време.

Звукот на експлозијата се слушна дури на 50 км оддалеченост од местото на експлозијата. Веднаш по експлозијата голем број граѓани излегоа на улиците, а голем број здравствени и пожарникарски екипи беа испратени на местото на експлозијата.

По инструкција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерката за семејство, труд и социјални услуги Зехра Зумрут Селчук заминаа на местото на експлозијата. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерот за здравство Фахретин Коџа, подрачјето го испитаа од воздух.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во изјавата за печатот во врска со експлозијата за пиротехнички материјали во Хендек рече:

„Според моменталните информации со кои располагаме, од 189 вработени, 74 се повредени од кои еден потешко, додека загинаа 2 лица.

Преземени се сите потребни мерки и се надеваме дека повредените ќе се вратат здрави и живи, а исто така нема да добиеме неповолни информации за лицата коишто се наоѓаат во фабриката“ рече Ердоган.



Слични вести