Чавушоглу. „Со олабавувањето на мерките се зголеми стапката на извозот и производството“

Како последица на епидемијата на Ковид-19 светот помина низ еден невиден период на глобално ниво

1448576
Чавушоглу. „Со олабавувањето на мерките се зголеми стапката на извозот и производството“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека со олаабувањето на мерките кои беа преземени против епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), дојде до пораст на стапката на извозот и производството.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Трговската и индустриска комора на Анталија, министерот Чавушоглу на редовниот состанок на комората учествуваше со видео конференција.

Чавушоглу во говорот на состанокот рече дека како последица на епидемијата на Ковид-19 светот помина низ еден невиден период на глобално ниво.

Целта ние е Турција од овој период да излезе со најмали последици.

Со задоволство сакам да истакнам дека извозот почна да расте со голем интензитет, исто така и производствениот капацитет расте со ист нтензитет и на тој начин почнаа да се тркалаат тркалата. Потепени во светот се премина кон новата нормализација. Вложуваме големи напори турските фирми да се стекнат со поголем профит. Ќе продолжиме со напорите за зголемување на извозот како и во инвестициите во странство“ рече министерот Чавушоглу.



Слични вести