Борбата на Турција против Ковид-19: Излекувани уште 1.313 пациенти, досега вкупно 178.278

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 19 лица, дијагностицирани се 1.172 новозаразени, а оздравеа уште 1.313 заболени пациенти; Досега починаа вкупно 5.186 лица, инфектирани се 203.456, а оздравеа вкупно 178.278 лица

1448618
Борбата на Турција против Ковид-19: Излекувани уште 1.313 пациенти, досега вкупно 178.278

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се потврдени 19 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.186 лица.

Во изминатите 24 часа направени се 52.141 тестирање од кои се дијагностицирани 1.172 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 203.456 лица.

Со отпуштање од болница на уште 1.313 излекувани, вкупниот број на оздравени пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 178.278 лица.



Слични вести