Во Турција излекувани уште 1 543 лица

Вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 176 965

1447903
Во Турција излекувани уште 1 543 лица

Продолжува падот на смртните случаи и новоинфектираните од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција во последните 24 часа се намали на 17 и вкупно изнесува 5 167 лица.

Во истиот период беа остварени 49 714 тестови од кои 1 186 беа позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 543 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 176 965.



Слични вести