Во подрачјето на операцијата Извор на мирот се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи

1447580
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, се неутрализирани двајца терористи, члена сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: "Нема да дозволиме терористичката организација ПКК/ЈПГ да ги поремети спокојството и средината на доверба во подрачјето на Извор на мирот. Нашите јуначки командоси кои ги преземаат сите видови мерки во подрачјето спречија уште еден обид за префрлување и неутрализираа двајца терористи на ПКК/ЈПГ."

Во меѓувреме, Министерството за национална одбрана соопшти дека се неутрализирани двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во областа Хакурк во северниот дел на Ирак.

Во едно друго објавено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: "Притворени се пред да ги реализираат своите предавнички намери 6 мина терористи на ПКК/ЈПГ за кои е установено дека водат терористички активности со цел да ги расипат спокојството и средината на доверба во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Сирија."



Слични вести