Турската крајбрежна стража кај Дикили во близина на Измир спаси од морето 58 мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од морето во близина на населеното место Дикили кај градот Измир спасија 58 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1447308
Турската крајбрежна стража кај Дикили во близина на Измир спаси од морето 58 мигранти

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Дикили кај градот Измир се спасени 58 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати нззад (присилно вратени) кон турските територијални воид.

По добиени информации дека во близина на месноста Бадемли кај населеното место Дикили кај градот Измир се наоѓаат група мигранти качени на 2 сплава на утврдената локација беа испратени екипи на турската крајбрежна стража и од морето беа спасени 49 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води.

Екипите на турската крајбрежна стража спасија 9 мигранти кои се наоѓаа на дрвен чамец и во близина на Мадра Чаји, а кои исто така биле турнати од страна на грчката крајбрежна стража назад кон турските територијални води.

По законските постапки спасените вкупно 58 мигранти беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Измир.



Слични вести