Реакција од Турција на изјавите на американскиот Државен секретаријат во врска со Аја Софија

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека никој нема право да ги пречекорува границите и да зборува во стилот „предупредуваме, диктираме“ кога станува збор за суверените права на Турција

1447342
Реакција од Турција на изјавите на американскиот Државен секретаријат во врска со Аја Софија

Турција соопшти дека надлежноста за донесување на секој вид одлука во однос на Аја Софија е нејзино внатрешно прашање, во рамките на нејзините сопствени суверени права.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со изјавите на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) во однос на статусот на Аја Софија. 

Аксој нагласи дека никој нема право да ги пречекорува границите и да зборува во стилот „предупредуваме, диктираме“ кога станува збор за суверените права на Турција.

„Со зачуденост ги дочекуваме изјавите на американскиот Стејт департмент во врска со Аја Софија“, констатира Хами Аксој и подвлече дека се фрлаат чекори во својство на „тивка револуција“ во правец на заштитата на слободата на религијата и верувањето коишто се загарантирани со Уставот и законите, за сите граѓани без правење на било каква дискриминација меѓу нив.

Аксој напомена дека во тој контекст, во рамките на традицијата на толеранција која доаѓа од нејзината култура и историја, Турција на највнимателен начин ги заштитува сите културни вредности со коишто располага без да прави никаква разлика меѓу нив, вклучувајќи ја и Аја Софија.

„Историската, културната и духовната вредност на Аја Софија со чувствителност ги заштитуваме уште од денот кога е освоена и преземена во сопственост на нашата земја“- нагласи Аксој.

Појаснувајќи дека Аја Софија, исто како и сите други културни вредности (споменици) кои се наоѓаат на териториите на Турција, се во сопственост на Турција, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го додаде следното: „Надлежноста за донесување на секоја одлука за Аја Софија е внатрешно прашање на Туција, во рамките на нејзините суверени права.

Секоја одлука за Аја Софија е внатрешно прашање на Турција во рамките на суверенитетот. Нормално секој може да го изнесе своето мислење, но никој нема право да ги пречекорува границите и да зборува во стилот „предупредуваме, диктираме“ по прашањето на нашите суверени права.“

Инаку, американскиот државен секретар Марк Помпео упати повик до Турција да го продолжи статусот на Аја Софија како музеј.



Слични вести