Претседателот Ердоган престојува во еднодневна работна посета на Катар

Претседателот Ердоган, на поранешниот меѓународен аеродром во главниот град на Катар, Доха, беше пречекан од страна на катарскиот министер за одбрана Халид Бин Мухамед Ал Атијах и други турски и катарски високи функционери

1447809
Претседателот Ердоган престојува во еднодневна работна посета на Катар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претпладневните часови отпатува во еднодневна работна посета на Катар.

Претседателот Ердоган, на поранешниот меѓународен аеродром во главниот град на Катар, Доха, беше пречекан од страна на катарскиот министер за одбрана Халид Бин Мухамед Ал Атијах и други турски и катарски високи функционери.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во рамките на својата денешна еднодневна работна посета на Катар ќе се состане со катарскиот емир Шејх Тамам Бин Хамад Ал Тани.

На средбата се очекува да бидат разгледани со сите нивни димензии односите помеѓу двете пријателски и братски земји Турција и Катар.

Претседателот Ердоган кој својата прва надворешна посета по глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја остварува на Катар, се предвидува на средбата со катарскиот емир Шејх Тамам Бин Хамад Ал Тани да разменат обемни мислења и во врска со актуелни регионални и меѓународни прашања.

За време на оваа посета претседателот Ердоган е придружуван од страна на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.



Слични вести