Претседателот Ердоган денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Катар

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во рамките на својата денешна еднодневна работна посета на Катар ќе се состане со катарскиот емир Шејх Тамам Бин Хамад Ал Тани

1447208
Претседателот Ердоган денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Катар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во претпладневните часови отпатува во еднодневна работна посета на Катар.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во Претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган во рамките на својата денешна еднодневна работна посета на Катар ќе се состане со катарскиот емир Шејх Тамам Бин Хамад Ал Тани.

На средбата се очекува да бидат разгледани со сите нивни димензии односите помеѓу двете пријателски и братски земји Турција и Катар.

Претседателот Ердоган кој својата прва надворешна посета по глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе ја оствари на Катар, во рамките на средбата со катарскиот емир Шејх Тамам Бин Хамад Ал Тани се предвидува да размени обемни мислења и во врска со актуелни регионални и меѓународни прашања.

За време на оваа посета претседателот Ердоган е придружуван од страна на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и шефот на националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.



Слични вести