МВР: Неутрализираните тројца терористи на 29 јуни кај Ван беа од категоријата означена со сива боја

Неутрализираните тројца терористи во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван, се извршители на голем број крвави терористички акции и се наоѓаа во списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја

1447458
МВР: Неутрализираните тројца терористи на 29 јуни кај Ван беа од категоријата означена со сива боја

Установено е дека тројцата неутрализирани терористи од страна на турските безбедносни сили во понеделникот (29 јуни 2020 година) во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван, се наоѓаа во списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја.

Министерството за внатрешни работи сопшти дека неутрализираните тројца терористи во руралното подрачје на населеното место Ѓурпинар кај градот Ван, се извршители на голем број крвави терористички акции во подрачјето на Башкале во периодот од 2015 до 2018 година и се наоѓаа во списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја. 

Во објавеното соопштение од Министерството се истакнува дека неутрализираните терористи се од списокот на брани терористи во категоријата означена со сива боја по кои се трага поради тероризам со награда до 500 илјади турски лири (приближно 70 илјади долари). Како што е установено станува збор за терористот Фират Ѓоре познат по кодното име „Велат Малазгирт“, Тахсин Генез по кодното име „Азат“ и Илјас Дуран по кодното име „Кендал“ кои делуваа во т.н. провинција Ван, во склопот на т.н. сили во Башкале и Маџиро.

Во соопштението се вели дека заедно со тројцата убиени терористи се запленети и 2 пешадиски пушки М-16, 1 пешадиска пушка калашников, 1 пиштол од марката Глок, 6 рачни бомби и голема количина муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.



Слични вести