Двајца министри, Чавушоглу и Ерсој денеска ќе престојуваат во работна посета на Германија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во придружба на многучлена делегација со високи функционери и од Министерството за здравство денеска ќе престојуваат во работна посета на Германија

1447219
Двајца министри, Чавушоглу и Ерсој денеска ќе престојуваат во работна посета на Германија

Двајца министри, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој денеска ќе престојуваат во работна посета на Германија.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека   министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во придружба на многучлена делегација во која се наоѓаат и високи функционери од Министерството за здравство денеска ќе престојува во работна посета на Германија.

Како што се наведува, на средбите и разговорите коишто ќе се одржат за време на посетата, освен соработката во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), ќе бидат разгледани и билатералните односи помеѓу Турција и Германија на чело со туризмот, како и развојот на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) во контекст на претседателствувањето на Германија со Европската унија (ЕУ) кое што започна од 1 јули (вчера) и актуелни регионални и меѓународни прашања.



Слични вести