Чавушоглу порача од Берлин: Германија треба да го преразгледа своето предупредување за патување во Турција

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Германија треба да го преразгледа своето предупредување за патување во Турција во рамките на објективни критериуми

1447650
Чавушоглу порача од Берлин: Германија треба да го преразгледа своето предупредување за патување во Турција
cavuşoglu.jpg

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој заедно со многучлена делегација меѓу кои се наоѓаат високи функционери и на министерството за здравство, денеска престојуваат во еднодневна работна посета на Германија.

Чавушоглу во Берлин се состана со својот германски колега Хеико Мас со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Овде, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека во рамките на средбите и разговорите се разгледува и прашањето со туризмот и дека со германските колеги се споделени и податоците во врска со процесот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Мевлут Чавушоглу истакна дека Германија треба да го преразгледа своето предупредување за патување во Турција.

Подвлекувајќи дека Турција е спремна во безбедна и здрава средина да ги пречека своите гости кои ќе допатуваат од Германија и од другите земји и дека се преземени сите превентивни мерки, Чавушоглу напомена дека целиот процес, вклучувајќи ги сите постројки, аеродромите и траснферите се сертифицираат од страна на германските фирми и воедно и контролите ќе се реализираат од нивна страна.

„Германија треба да го преразгледа ова предупредување за патување. Треба да го преразгледа во рамките на објективните податоци. Дали и покрај сиве овие предупредувања за патување доаѓаат Германци во Анталија, да доаѓаат. Која е причината за тоа, ја сметаат Турција за безбедна.“ - рече Мевлут Чавушоглу.

Осврнувајќи се и на списокот на земјите за кои Европската унија (ЕУ) за кои е укинато ограничувањето за патување меѓу кои ја нема Турција, Чавушоглу истакна дека списокот којшто е подготвен со политички причини, всушност треба да се определи со објективни критериуми.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека Турција ги споделува со сите транспарентните и ажурирани податоци и го додаде следното: „Она што е најзначајно за сите нас, е здравјето на нашиот човек. Од наш аспект не може да постои никаква поделба меѓу турските граѓани, германските граѓани или граѓаните на една друга земја.“

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас по прашањето на мерките против пандемијата на Ковид-19 рече: „И денеска (од турската страна) добивме голем број информации и податоци. Нив ќе ги доставиме и до Министерството за здравство и до Министерството за внатрешни работи. Ќе ја продолжиме споделбата на информации со Турција.“

Велејќи дека со својот турски колега раговараа и за бројни прашања како што се Источниот Медитеран, Блискиот исток и миграцијата, Мас ја изнесе следната констатација: „Турција секогаш е многу значаен соговорник за Европската унија (ЕУ).“

Хеико Мас напомена дека Германија која го презеде претседателствувањето со Советот на Европската унија посакува да ги продолжи соработката и конструктивниот дијалог со Турција и во наредните месеци, во склопот на Еврпската унија (ЕУ).

Мас нагласи дека политичкото решение во Сирија е значајно и рече: „Оваа војна би можела да се оконча на траен начин со политичко решение. Турција одигрува значајна улога по ова прашање.“

Потсетувајќи дека треба да се постигне напредок и по прашањето на прекинот на огнот во Либија, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас подвлече дека во принцип се во едногласност со Турција по овие прашања.



Слични вести