Турција му испрати медицинска помош на Ирак во борбата против Ковид-19

Турција му испрати медицинска помош на Ирак во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) составена од маски, домашни апарати за дишење (респиратори), штитници за лице, заштитни комбинезони, заштитни наочари

1446780
Турција му испрати медицинска помош на Ирак во борбата против Ковид-19

Турција продолжува да им доставува помош во медицински материјали на земјите погодени од глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

По доставената инструкција од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, со цел поддршка на борбата на Ирак против новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција и испрати медицинска помош на оваа соседна земја. 

Испратената помош се состои од медицински материјали како маски, домашни апарати за дишење (респиратори), штитници за лице, заштитни комбинезони и заштитни наочари. 

Подготвените материјали од страна на Министерството за здравство на воениот аеродром Етимесгут во Анкара беа натоварени на џиновскиот карго авион од типот А 400М на Турските вооружени сили (ТВС или TSK).

На карго пратките натоварени на огромниот карго авион кој полета за Ирак заедно со логото на претседателството на Турција, на турски и на арапски јазик беа напишани и следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија (13. век) Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку ли бројни надежи има по безнадежноста. Колку ли бројни сонца има по темнината.“ и „Со љубов од Турција за народот на Република Ирак.“



Слични вести