Претседателот Ердоган: Турција 2020 година ќе ја заврши со зачудувачки процент на раст

Претседателот Ердоган, во врска со економскиот тек во земјата истакна дека Турција 2020 година економски ќе ја заврши со зачудувачки процент на раст

1447055
Претседателот Ердоган: Турција 2020 година ќе ја заврши со зачудувачки процент на раст

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на претседателите на градските организации на својата владејачка партија во проширен состав.

Претседателот Ердоган, во врска со економскиот тек во земјата истакна дека Турција 2020 година економски ќе ја заврши со зачудувачки процент на раст.

„Првичните податоци во врска со јуни влеваат надеж. Немаме сомневање во тоа дека заедно со јули ќе влеземе во еден многу поголем отскок.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „2020 година која во целиот свет, а пред се во Европа, се гледа како изгубена година, Иншаллах (со Аллахова помош) ќе ја завршиме со зачудувачки процент на раст.“

 



Слични вести