Ердоган: Нашиот приоритет е да се зачува политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија

Претседателот Ердоган на тројната лидерска видеоконференциската средба со своите руски и ирански колеги, Путин и Рухани, истакна дека приоритет на Турција е да се одбрани политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија

1447156
Ердоган: Нашиот приоритет е да се зачува политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија

Денеска со учество на претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани, се одржа троен лидерски самит преку видеоконференција во форматот од Астана.

Претседателот Ердоган во својот говор истакна дека приоритет на Турција е да се зачува политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија.

Тој рече: „Ќе продолжиме да правиме се што е во наша можност за што побрзо воспоставување на спокојството, безбедноста и стабилноста на нашиот сосед Сирија. Ние како Турција уште од почетокот на спорот бевме на страната на нашите сириски браќа. Не правејќи разлика според нивното етничко потекло и верување им отворивме прегратка на милиони сириски бегалци.“

Велејќи дека Турција покажува голема чувствителност за да не дојде до распарчување на Сирија од страна на терористичките организации, претседателот Ердоган го рече следното: „Кога беше неопходно интервениравме и спречивме да дојде до хуманитарна драма и сепаратистички претензии. Ќе продолжиме да правиме се што е во наша можност за што побрзо воспоставување на спокојството, безбедноста и стабилноста на нашиот сосед Сирија. Соработката којашто ќе ја презентираме како гарантори од Астана несомнено ќе ја определи и иднината на оваа земја.“

По тројниот лидерски самит преку видеоконференција е објавено заедничко соопштение од страна на претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека тројцата претседатели разговараа за актуелната ситуација на теренот во Сирија и ја повторија својата одлучност во правец на интензивирање на тројната координација.

Тројцата лидери ја изнесоа и својата одлучност да застанат против сепаратистичките агенди коишто ќе и наштетат на националната безбедност на соседните земји.

На самитот беше преразгледана ситуацијата во Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија и притоа беше нагласена потребата од воспоставување на спокојството на теренот во Идлиб со применување на постигнатите договори.

Беше потврдено верувањето во однос на тоа дека спорот во Сирија може да се реши со политички процес под водство на Сиријците и со олеснување од страна на Обединетите нации (ОН).

Тројцата лидери, Ердоган-Путин-Рухани, потврдија дека треба да се олесни безбедното и доброволното враќање во своите домови на бегалците и раселените во Сирија, како и да се одбранат нивните права.

Ја потврдија волјата за зајакнување на тројната координација во различни сфери со цел зајакнување на заедничката економска соработка, а воедно одлучија на покана на иранскиот претседател Хасан Рухани наредниот троен самит да се одржи во најскоро време во Иран.



Слични вести