Борбата на Турција против Ковид-19: Излекувани се уште 2.311 пациенти, досега вкупно 175.422

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 19 лица, дијагностицирани се 1.192 новозаразени, а оздравеа уште 2.311 заболени пациенти; Досега починаа вкупно 5.150 лица, инфектирани се 201.098, а оздравеа вкупно 175.422 лица

1447165
Борбата на Турција против Ковид-19: Излекувани се уште 2.311 пациенти, досега вкупно 175.422

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се потврдени 19 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна до 5.150 лица.

Во изминатите 24 часа направени се 52.313 тестирања од кои се дијагностицирани 1.192 новозаразени, додека вкупниот број на регистрирани случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 201.098 лица.

Со отпуштање од болница на уште 2.311 излекувани, вкупниот број на оздравените пациенти од Ковид-19 во Турција се зголеми на 175.422 лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа по одржаниот состанок со Научниот совет изјави дека во сегашни услови не се гледа за можно да отпадне од дневен ред болеста. 

Коџа истакна дека мислењето дека е намалена брзината на ширење на вирусот е измамливо, додека пак мислењето дека е ослабена силата на заболување на вирусот нема научна потпира.

„Секој оној кој постапува совесно против епидемијата на Ковид-19, се придржува кон правилата, е еден од јунаците кои во денешни услови спасуваат живот.“ - рече министерот за здравство Фахреттин Коџа. 



Слични вести