Утре ќе се одржи видеоконференциска лидерска средба меѓу Турција, Русија и Иран во форматот од Астана

На средбата, лидерите на трите земји, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани ќе направат проценка на последната ситуација во Сирија

1446197
Утре ќе се одржи видеоконференциска лидерска средба меѓу Турција, Русија и Иран во форматот од Астана

Утре ќе се одржи средба преку видеоконференција меѓу лидерите на Турција, Русија и Иран, во рамките на процесот од Астана.

На средбата, лидерите на трите земји, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рухани ќе направат проценка на последната ситуација во Сирија.

Тројцата лидери, Ердоган, Путин и Рихани, за последен пат се состанаа на одржаниот самит во Анкара.

По тројниот самит во септември минатата година наредниот самит се планираше да се одржи на почетокот на март во Техеран, меѓутоа поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не можеше да се оствари тоа.

Потоа поради тоа што продолжува борбата против пандемијата е поставена на дневен ред алтернативата за одржување на видеоконференциска средба помеѓу тројцата лидери, Ердоган, Путин и Рухани.

На тој начин ќе се одржи 6. Самит во форматот од Астана.

Лидерите на трите земји, Турција, Русија и Иран (Реџеп Тајјип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани) на видеоконференциската средба во Сирија ќе разговараат за последната точка до којашто е дојдено во работите на Уставотворната комисија на Сирија.

Освен тоа, ќе биде поставена на маса и ситуацијата во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија и источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на оваа земја.

 



Слични вести