Турската крајбрежна стража спаси 64 мигранти турнати назад од страна на грчката крајбрежна стража

Турската крајбрежна стража од водите на Егејскоот Море кај Ајвалик-Баликесир и Дикили-Измир спасија 64 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати назад кон турските територијални води

1446020
Турската крајбрежна стража спаси 64 мигранти турнати назад од страна на грчката крајбрежна стража

Во Егејското Море во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир и на населеното место Дикили кај градот Измир, се спасени 64 мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Странски мигранти (бегалци) кои се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) отпловиле со гумен чамец од брегот на Чиплак Ада кај населеното место Ајвалик кај градот Баликесир.

Притоа 40 мигранти (бегалци) кои се наоѓале на гумениот чамец од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Турнатите мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и деца беа спасени од страна на турската крајбрежна стража и беа изнесени на брегот.

Во близина на населеното место Дикили кај градот Измир пак, по добиени информации дека во морето се наоѓаат мигранти (бегалци) качени на 2 сплава на утврдената локација беа испратени екипи на турската крајбрежна стража.

Од морето беа спасени 24 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Измир.



Слични вести