ТРТ Ворлд откри имејл порака за лоби активностите на ОАЕ против Турција по прашањето со Либија

ТРТ Ворлд (TRT World) кој емитува на англиски јазик, откри имејл порака со потпис на амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Вашингтон Јусуф ал-Утејбе во која се бара од САД да интервенираат врз либиската Влада и Турција од чија страна се поддржува

1445873
ТРТ Ворлд откри имејл порака за лоби активностите на ОАЕ против Турција по прашањето со Либија

Откриено е дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) водат лоби активности во Соединетите Американски Држави (САД) против Турција со цел да се сврти ситуацијата наопаку во Либија.

Телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ), ТРТ Ворлд (TRT World) кој емитува на англиски јазик, откри имејл порака со потпис на амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Вашингтон Јусуф ал-Утејбе во која се бара од САД да интервенираат врз либиската Влада и Турција од чија страна се поддржува.

Како што е установено, електронската пошта со пораката на амбасадорот Утејбе на 22 јуни била испратена до функционерите на САД од страна на Хагир Елавад кој претходно бил на должност во амбасадата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Вашингтон и кој се уште работи во една компанија за лоби активности.

Во електронската пошта стои дека амбасадорот Утејбе и функционерите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се обидуваат да ги убедат управата на САД и армијата да интервенираат врз владините сили во Либија.

Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Вашингтон Јусуф ал-Утејбе во својата порака истакнува дека силите поддржани од страна на Турција напредуваа до близината на Сирте и дека бродови на турската флота реализираа истоварување на либискиот брег, а воедно го вели следното: „Нашата анализа е во правец на тоа дека тоа се прави намерно за да се принуди на оваа ситуација да интервенира Египет и дека во моментов Египет размислува сериозно за тоа.“

Наведувајќи дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со месеци го спречува Египет за да не стапи на либиската сцена, Утејбе воедно со темни букви тврди дека „доколку не се стават под контрола активностите на Турција во Либија ситуацијата лесно од лошо ќе оди кон уште полошо.“

Инаку, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од 2014 година како му дава воена поддршка на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.



Слични вести