Реакција од МНР на Турција против грдиот напад врз споменикот на Ататурк во Вашингтон

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со закачената бела крпа на споменикот на Ататурк кој се наоѓа пред резиденцијата на Амбасадата на Турција во Вашингтон

1445806
Реакција од МНР на Турција против грдиот напад врз споменикот на Ататурк во Вашингтон

Анкара покажа реакција против нападот врз споменикот на Ататурк пред резиденцијата на Амбасадата на Турција во Вашингтон.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со закачената бела крпа на споменикот на Ататурк кој се наоѓа пред резиденцијата на Амбасадата на Турција во Вашингтон.

Осудувајќи го извршениот напад врз споменикот на Ататурк, Хами Аксој рече: „Сигурно дека со вакви погрдни акти не може да се причини сенка врз светиот (негуван) спомен кон основоположникот на нашата Република Големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк кој расолага со исклучително неспорно место во светската историја, и врз нашата славна историја. Од страна на нашата Амбасада во Вашингтон се преземени неопходните иницијативи кај американските органи за поведување на истрага во врска со извршителите на овој гнасен чин.“



Слични вести