Раздвиженост од ултра луксузни мега јахти во заливите на Бодрум

Во едниот од малите светски познати заливи на туристичкото одморалиште Бодрум кај градот Мугла се укотвија две ултра луксузни мега јахти кои се време на одморите се користат од страна на светски познати ѕвезди

1446042
Раздвиженост од ултра луксузни мега јахти во заливите на Бодрум
Mega yat 1.jpg
Mega yat2.jpg
bodrum mega yatlar.jpg

Во светски познатите мали заливи на познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла, едниот од омилените туристички центри на Јужниот Егеј, почна да се доживува голема раздвиженост со мега јахти.

Во морето во близина на месноста Јаликавак се укотви познаттаа мега јахта „Cloudbreak“ долга 75 метри за која се истакнува дека за време на поминување на нивните одмори била користена и од страна на голем број светски познати ѕвезди меѓу кои се наоѓаат и Џенифер Лопез, Хајди Клум, Џулија Робертс и др.

Мега јахтата „Cloudbreak“ е изградена и дизајнирана од челична конструкција и со наградба од алуминиум така што може да плови и за време на најтешки временски услови по морињата и да плови до најдалечни места низ светот.

Оваа ултра луксузна мега јахта привлекува внимание со својот сив труп,  со острите линии и со воениот стил.

Располага со голем број можности за забава и рекреација, како што се базен, јакузи, спа, спортска сала, водени спортови, кино и др.

Во истиот мал залив на познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла, се укотви и јахтата по име „İleria“ долга 55 метри која плови под знамето на Кајманските острови.

Овие две ултра луксузни мега јахти за коишто не можеше да се дознае кои светски познати ѕвезди се наоѓаат на нив, побудија голема заинтересираност.



Слични вести