Петер Сијарто: ЕУ треба да и ја исплати ветената сума на Турција наменета за бегалците
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека Европската унија (ЕУ) треба да и ја исплати ветената сума на Турција наменета за бегалците
1446386

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во Анкара се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со кого потоа одржаа заедничка прес конференција.
Сијарто истакна дека Европската унија (ЕУ) треба да и ја исплати ветената сума помош на Турција наменета за бегалците.
Потсетувајќи дека Европската унија (ЕУ) и вети 6 милијарди евра за помош на бегалците, унгарскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече:
„Европската унија (ЕУ) вели дека и платила 4,5 милијарди евра, меѓутоа турските колеги не мислат така. Велиме дека ова прашање што поскоро треба да се разјасни, дека Европската унија (ЕУ) треба да ја направи исплатата и дека ако затреба треба да се склучи нов договор.“