Чавушоглу алудирајќи на критиките на Франција рече: Ние соработуваме со легитимната власт во Либија

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу алудирајќи на критиките на Франција против Турција по прашањето со Либија рече: Ние сме земја која дава најголем придонес за политичкиот процес. Соработуваме со власта која располага со легитимитет

1446299
Чавушоглу алудирајќи на критиките на Франција рече: Ние соработуваме со легитимната власт во Либија

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу се состана со унгарскиот министер за надворшени работи Петер Сијарто кој допатува во посета на Анкара.

По средбата, двајцата министри за надворешни работи Чавушоглу и Сијарто одржаа заедничка прес конференција.

Мевлут Чавушоглу на едно новинарско прашање во врска со случувањата во Либија истакна дека Турција уште од почетокот дава поддршка за да се стекне Либија со спокојство.

Чавушоглу рече дека НАТО на Русија гледа како на закана во Либија, но дека Франција која е НАТО сојузник вложува напори за зголемување на присуството на Русија во Либија.

„Ние сме земја која дава најголем придонес за политичкиот процес. Соработуваме со власта која располага со легитимитет.“ - рече Чавушоглу, а воедно истакна дека целиот свет го знае тоа дека со оваа соработка на Турција е воспоставена рамнотежата и дека е спречено војната во Триполи да се претвори во улични вооружени престрелки.

Велејќи дека Франција која ја критикува Турција го поддржува Хафтар односно „пиратската (разбојничката) власт“, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу го рече следното:

„Дали Франција постапува чесно? Не. Вели дека не му дава оружје, поддршка на Хафтар. Меѓутоа, сите факти, извештаи се на виделина. Парите (за оружјето) ги дава Абу Даби, но ги дава Франција. Кој е поопасен? Чие присуство таму е поризично? Се разбира дека на Франција. НАТО ја смета Русија за закана (во Либија). Меѓутоа, Франција вложува напори за зголемување на авторитетот (присуството) на Русија таму (во Либија). Франција со која управува или не може да управува Макрон, со разорен начин на сфаќање работи само за сопствените интереси и аспирации. Она што треба да се критикува всушност е ставот на Франција и на Макрон. Најпрвин треба да бидат чесни, да бидат транспарентни, а потоа да ја критикуваат Турција. Да се напаѓа на овој начин Турција не е и во негова (на Макрон) полза, се надевам дека ќе добие лекција од тоа.“

 



Слични вести