Во близина на Ајвалик кај Баликесир потона чамец со мигранти од кои се спасени 35 мина

Екипите на турската крајбрежна стража од водите на Егејското Море во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир спасија 35 мигранти, а продолжува да се трага по уште четворица за кои се мисли дека се водат како исчезнати

1445324
Во близина на Ајвалик кај Баликесир потона чамец со мигранти од кои се спасени 35 мина

Во Егејското Море во близина на населеното место Ајвалик кај градот Баликесир потона чамец со мигранти од кои 35 мина се спасени, а продолжува да се трага по уште 4 лица за кои се мисли дека се водат како исчезнати.

Синоќа во доцните часови пристигнаа информации до Командата на крајбрежната стража во врска со пронајден гумен чамец на приближно 1 милја од островот Чиплак на кој се наоѓале мигранти.

На местото на настанот веднаш беа испратени екипи на Командата на крајбрежната стража при што беше установено дека чамецот потонал до половина и дека во морето се наоѓаат мигранти. 

По ваквиот развој за активностите за пребарување и спасување во областа беа испратени 3 чамци и по еден хеликоптер и авион, како и тим за нуркање и безбедност.

Од наведените мигранти беа спасени 35 мина кои беа качени на чамецот на турската крајбрежна стража.

Спасените лица во своите први дадени изјави истакнаа дека од страна на екипите на грчката крајбрежна стража им бил пресечен гумениот чамец им биле земени канистерите со бензин и биле турнати назад (присилно вратени) кон турските територијални води.

Во правец на изјавите на спасените мигранти, продолжуваат и активностите за пребарување и спасување на уште четворица мигранти за кои се смета дека се водат како исчезнати.



Слични вести