Турција остро реагираше на протестите на терористите на ПКК во Австрија

Ги повикуваме австриските власти да водат достојна борба против терористичката организација ПКК која и од страна на ЕУ беше прогласена за терористичка

1445419
Турција остро реагираше на протестите на терористите на ПКК во Австрија

Турција остро реагираше на протестите на приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација на ПКК во Австрија.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) беше истакнато дека неколку дена по ред како во Виена се одржуваат протести  од страна на приврзаниците на ПКК. Ова претставува еден нов и јасен показател за неискреноста во борбата против тероризмот.

Турција води успешна борба против терористичката организација. Остро ја осудуваме интервенцијата на австриската полиција во која беа повредени некои Турци и беа оштетени деловните простори на Турците.

Во соопштението беше истакнато дека во борбата против терористичката организцаија како во земјава така и надвор беа постигнати значајни резултати.

Неприфатливо е одобрувањето на пропагандата на терористичката организцаија ПКК со посредство на овие протести, замижувањето пред употребата на симболите на терористичката организација како и и покажувањето на Турција како мета. Многу подобро може да се разбере значењето на конкретните резултати коишто ги постигна Турција во решителната борба против тероризмот како во земјава така и надвор од границите, особено наспроти оваа фотографија. Успешните операции коишто ги реализира Турција, пкажуваат дека напразни се сите напори за поддршка на сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК која се бори да опстане.

Ги повикуваме австриските власти да водат достојна борба против терористичката организација ПКК која и од страна на ЕУ беше прогласена за терористичка, а исто така го изнесуваме ставот дека ова прашање не треба напразно да се популизира.



Слични вести