Состанок на Претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Ова е втор состанок на Претседателскиот кабинет кој се одржува лице в лице по процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1445583
Состанок на Претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Претседателскиот кабинет се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Состанокот во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара започна во 15:15 часот според турско време.

Ова е втор состанок на Претседателскиот кабинет кој се одржува лице в лице по процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На состанокот се планира да има излагање пред членовите на Претседателскиот кабинет министерт за здравство Фахреттин Коџа кој ќе ги информира членовите на кабинетот за состојбата до која е дојдено по нормализацијата во процесот на новиот тип оронавирус (Ковид-19) на 1 јуни, како и за текот на болеста и разбранувањето коешто се доживува во бројот на случаите на зараза.

Министерот Коџа се предвидува да направи проценка во врска со порастот во бројот на случаите на зараза и мерките коишто се преземаат по ова прашање.

Инаку, заендо со новите чекори коишто ќе бидат фрлени на 1 јули ќе се преразгледа целиот процес на нормализација и доколку затреба ќе бидат донесени нови одлуки.

На состанокот на Претседателскиот кабинет ќе се разговара и за последната состојба во врска со случувањата во Либија.



Слични вести