Министерот Акар: Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак досега се неутрализирани 41 терорист

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се спроведува против сепатратистичко-терористичката организација ПКК, во северниот дел на Ирак, досега се неутрализирани 41 терорист

1445590
Министерот Акар: Во операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак досега се неутрализирани 41 терорист
Hulusi Akar Pençe-Kaplan Operasyonu 3.jpg
Hulusi Akar Pençe-Kaplan Operasyonu 2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одржа неделен состанок преку видеоконференција на кој учествуваа и командантите на родовите, комадниот врв и замениците министри.

Министерот Акар овде даде изјави во врска со операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) која што се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, преку границата во северниот дел на Ирак.

Хулуси Акар информира дека во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) досега се неутрализирани 41 терорист.

„Досега се неутрализирани 41 терорист, запленети се сериозни количини оружје и муниција. Со воздушно-десантна операција е пристигнато во планираните области. Продолжуваат активностите за ставање под контрола на областите.“ - рече Акар.

Нагласувајќи дека активностите за борба против тероризмот ќе продолжат со сѐ поголем елан и поголема одлучност сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го додаде следното: „На 15 јуни со операцијата 'Канџа-Орел' (Pençe-Kartal) од страна на нашите Воздушни сили на мошне успешен начин се уништени пештерите на терористите во северниот дел на Ирак, вкупно 81 цел.“

Инаку, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) на 15 јуни ја започна операцијата „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal), а потоа на 17 јуни и операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, преку границата, во северниот дел на Ирак.

 



Слични вести