Ердоган: Турција ќе стане една од земјите ѕвезди во светот кој ќе се обликува наново по епидемијата

Претседателот Ердоган истакна дека единственото што се очекува од народот во овој процес е да се придржува кон правилата, да застане во одбрана на својата работа, производството, да излезе во пресрет на својата земја и да и даде поддршка на неговата власт

1445654
Ердоган: Турција ќе стане една од земјите ѕвезди во светот кој ќе се обликува наново по епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на Претседателскиот кабинет се појави пред камерите и истакна дека единственото што се очекува од народот е да и излезе во пресрет на земјата и да ја поддржи власта.

Велејќи дека Турција е подложена на напади особено во периодите на отскок, Ердоган нагласи дека единственото што се очекува од народот во овој процес е да се придржува кон правилата, да застане во одбрана на својата работа, производството, да и излезе во пресрет на својата земја и да и даде поддршка на неговата власт.

„Заедничко мислење внатре и надвор, е во правец на тоа дека Турција ќе стане една од земјите ѕвезди во светот којшто ќе се обликува наново по епидемијата.“ - рече Ердоган.

Осврнувајќи се и на прашањето на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган подвлече дека се има за цел бројките на смртните случаи и случаите на зараза да се сведат на нула.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека како една од земјите кои водеа најуспешна борба против епидемијата, цврсто ќе се застане во одбрана и на придобивките, а воедно информира дека економските показатели посочуваат на еден голем отскок во месец јуни и дека за турските производи постои зголемена побарувачка и од странство.



Слични вести