Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во општението на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во вооружена престрелка до којашто дојдена 28 јуни 2020 година со терористите во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“, стана шехид (загина) еден наш јуначки војник соборец“

1444777
Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто се спроведува од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) против терористите во северниот дел на Ирак, стана шехид еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во вооружена престрелка до којашто дојдена 28 јуни 2020 година со терористите во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan), стана шехид (загина) еден наш јуначки војник соборец.“

Во соопштението на шехидот (загинатиот) војник му се посакува милост од Аллах и се изразува сочувство до неговото семејство, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и турскиот народ.

Од друга страна, во реализирана воздушна операција е неутрализиран еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, кој бил утврден во областа Зап во северниот дел на Ирак.

Министерството за национална одбрана, воедно соопшти дека во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во областа Хафтанин во 24 засолништа и пештери се запленети голема количина на оружје и муниција на терористичката организација ПКК.

Министерството истакна дека започнатата операција „Шепа-Тигар“ продолжува успешно според планираното.

Во меѓувреме, во реализирана операција поддржана од воздух во руралното подрачје на населеноот место Чатак кај градот Ван, се неутрализирани тројца терористи.

Установено е дека неутрализираните терористи се извршители на терористичкиот напад на 8 јуни со експлозивна  направа од рачна изработка која што беше експлодирана во моментот на поминување на сервис возило со работници кои работеа на изградбата на патот за висорамнината Белбука, при што загинаа двајца работници.



Слични вести