Турција покажа реакција против „Извештајот за трговија со луѓе за 2020“ на САД

МНР на Турција истакна дека во извештајот за кој станува збор се потврдува дека Турција ја засилува борбата против трговијата со луѓе, меѓутоа се чувствува разочараност од тоа што наспроти тоа Турција не е издигната во погорна категорија

1444914
Турција покажа реакција против „Извештајот за трговија со луѓе за 2020“ на САД

Турција покажа реакција против „Извештајот за трговијата со луѓе за 2020“ на Соединетите Американски Држави (САД).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека во извештајот за кој станува збор се потврдува дека Турција ја зголеми борбата против трговијата со луѓе, меѓутоа се чувствува разочараност од тоа што наспроти тоа Турција не е издигната во погорна категорија.

Ви соопштението се вели дека Турција е домаќин на приближно 4 милиони раселени лица бегалци и се привлекува внимание дека поради нестабилностите коишто се доживуваат во нејзиниот регион со секоја измината година сноси се поголем товар од растечката миграција.

Се нагласува дека и покрај оваа состојба Турција води одлучна борба против трговијата со луѓе и се изнесува следната констатација: „Во тие рамки, (Турција) со своите обучени кадри продолжува да ги применува договорите чија е потписничка и поврзаните закони, да создава разлика кај општеството по ова прашање, ефикасно да ги утврдува и заштитува оштетените, да ги изнесува пред лицето на правдата виновниците, како и да соработува со граѓанските организации и меѓународните организации.“

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се подвлекува и следното: „Од друга страна, наодите во извештајот отворено ставаат до знаење дека ПКК/ЈПГ, со злосторствата коишто ги врши вклучувајќи го и киднапирањето на деца, е терористичка и криминална организација., така да и податоците во овој извештај покажуваат дека САД треба да се откаже оваа терористичка организација да ја смета за легитимна. Во извештајот додека се алудира на со сила киднапираните деца од страна на терористичката организација ПКК, доколку тоа не е намерно претставува голема грешка и тоа што не им се одделува место на 140-те семејства кои 303 како протестираат во Дијарбакир и на 13-те семејства кои успеаја да ги вратат своите деца (киднапирани и насилно однесени на планина од страна на терористичката организација ПКК).

Турција е одлучна да ги вложи сите видови напори и да ја развие меѓународната соработка за казнување на кривичното дело трговија со луѓе коешто претставува сериозно прекршување на човековото право и за заштита на оштетените поради ова кривично дело.“



Слични вести