Специјално видео по повод 2.229 годишнината од формирањето на турските копнени сили

Министерството за национална одбана сподели специјално видео со снимки на различни видови на оружје и возила кои се наоѓаат во инвентарот на Турските вооружени сили, како и снимки од операциите и воените вежби на турските копнени сили

1444734
Специјално видео по повод 2.229 годишнината од формирањето на турските копнени сили

Министерството за национална одбрана, на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели специјално видео по повод одбележувањето на 2.229 годишнината од формирањето на турските копнени сили.

Во видеото заземаат место снимки на различни видови на оружје и возила кои се наоѓаат во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), како и снимки од операциите и воените вежби на турските копнени сили.

„Нека е честита 2.229 годишнината од формирањето на нашите турски копнени сили кои се неделлив дел на нашата славна историја, неимар на нашите честити победи и кои секогаш ја исполнуваат својата задача и се во услуга и под заповед на нашиот честит народ.“ - се вели во објавеното специјално видео.

Во видеото заземаат место и снимки од реализираните воени вежби и операциите на турските командоси, како и снимки на тенкови, различни видови на оружје, повеќецевни ракетни системи, воени возила и друг вид различна воена опрема сом кои располагаат турските копнени сили.

Од друга страна, порака со честитка по повод одбележувањето на 2.229 годишнината од формирањето на турските копнени сили објави и Претседателството.

Во споделената објава со порака преку официјалниот профил на Претседателството на социјалната мрежа Твитер се вели следното. „Ја честитаме 2.229 годишнината од формирањето на турските копнени сили, со почит, милост и благодарност се сеќаваме на сите наши шехиди (паднати борци) и газии (ветерани).“

 



Слични вести