Ибрахим Калин најави дека Турција ќе му достави медицинска помош на Ирак во борбата против Ковид-19

Ибрахим Калин на својот профил на Твитер напиша: „По инструкција на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган се спрема помошта со медицински материјали и Иншаллах наскоро ќе тргне на пат. Турција секогаш е покрај своите туркменски и ирачки браќа.

1444785
Ибрахим Калин најави дека Турција ќе му достави медицинска помош на Ирак во борбата против Ковид-19

Турција ќе му достави медицинска помош на Ирак во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Портпаролот во Претседателскиот кабинет Ибрхаим Калин одговори на споделената објава од страна на претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC) Ершат Салихи на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Калин го напиша следното: „По инструкција на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган се спрема помошта со медицински материјали и Иншаллах (со Аллахова помош) наскоро ќе тргне на пат. Турција секогаш е покрај своите туркменски и ирачки браќа.“

Инаку, претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC) Ершат Салих во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер им се заблагодари во име на целиот народ на Туркменели (туркменските територии) на сите оние кои своите ирачки сонародници ги сметаат за сопствени државјани, а воедно истакна дека благодарение на медицинската помош којашто ќе биде испратена од страна на Турција во борбата на Ирак против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се доживее голем пад во бројот на случаите на зараза во земјата.



Слични вести