Досие анализа на неделата: Операцијата „Канџа-Орел“ на северот на Ирак

Турција во последните години од една страна реализира воени операции особено во Сирија како што се операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот, а од друга страна директно цели против терористичката организација ПКК во Ирак

1443958
Досие анализа на неделата: Операцијата „Канџа-Орел“ на северот на Ирак
MSB Pençe-Kartal Operasyonu.jpg

Турција, додека од една страна реализира воени операции преку границата на териториите на Сирија и Либија, од друга страна продолжува да води борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Во тој контекст во планинските предели паралелно на границата со Турција, во северниот дел на Ирак ја започна операцијата по име „Канџа-Орел“ и тоа и од воздух и од копно. Турските командоси со воздушно десантна операција зазедоа голем број ридови со надвласт над областа. Турција, во последните години со сфаќањето на една нова безбедносна доктрина, во име на елиминирање на заканите преку границата (надвор од своите граници) реализира прекугранични операции против терористичката организација во подрачјата на северните делови на Ирак и Сирија кадешто е стационирана.

Турција, долги години како води борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, додека во последните години присвои една нова безбедносна доктрина со што ја промени својата воена стратегија во борбата против тероризмот. Во оваа нова стратегија во борбата на Турција против терористичката организација, се цели директно против организацијата во областите преку границата, се сака да се уништи заканата без да пристигне во Турција. Овде особено е детерминирачки и тоа што терористичката организација искористувајќи го присутниот хаос во подрачјето се распространи во еден широк простор на линијата (појасот) Ирак и Сирија. Во тој контекст, Турција се обидува ѝ да ја спречи сепаратистичко-терористичката организација ПКК да воспостави контрола на одредено земјиште ѝ да се стекне со основа и можност да реализира терористички напади внатре во границите на Турција, искористувајќи ги притоа и логистичките можности преку границата.

Турција во последните години од една страна реализира воени операции од широк обем и тоа особено во Сирија како што се операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот, а од друга страна директно цели против терористичката организација ПКК во Ирак. Овој процес којшто започна со операцијата „Одлучност“, продолжува со операциите „Канџа“ (Pençe) и конечно со операцијата „Канџа-Орел“ (Pençe-Kartal).

Турција цели против планинските области кадешто е стационирана сепаратистичко-терористичката организација во северниот дел на Ирак, со што се настојува да се уништи овдешната логистичка инфраструктура на организацијата. Освен тоа, со воспоставување на контролата на ридовите во областа се настојува да се спречи организацијата да делува лесно на линиите Ирак-Турција и Ирак-Сирија и нејзината мобилизација. Исто така се посакува сепаратистичко-терористичката организација ПКК да се земе под опсада на планината Кандил и да се пасифизира.

Секако, додека од една страна се реализираат воени операции, со добиени ефикасни разузнавачки информации од теренот се настојува да се пасифизираат и утврдените високи членови од водечкиот кадар на организацијата и со тоа да се разбие таканаречената командно контролна структура на организацијата. Овде особено гледаме дека мошне ефикасно се користат и наоружаните беспилотни летала коишто ги развива националната одбранбена индустрија на Турција. Имено, со овие летала Турција е дојдена во положба да може да води многу поефикасна борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во споредба со минатото.

Коментар на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА

                                                                   



Слични вести