Во руралното подрачје на градот Тунџели се неутрализирани тројца терористи

Едниот од неутрализираните тројца терористи е Осман Ишлејен познат под кодното име „Аргеш“ кој се наоѓа во списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја по кого се трагаше со награда од 500 илјади турски лири (околу 70 илјади долари)

1443679
Во руралното подрачје на градот Тунџели се неутрализирани тројца терористи

Во реализирана антитерористичка операција во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во руралното подрачје на населеното место Оваџик кај градот Тунџели се неутрализирани тројца вооружени терористи од кои еден терорист во вооружена престрелка со единиците на Специјалните жандармериски сили (ЖОХ или JÖH) во склопот на градската команда на жандармеријата и двајца терористи во реализирана оперцација поддржана од воздух. 

Установено е дека едниот од неутрализираните тројца терористи, е Осман Ишлејен познат под кодното име „Аргеш“ кој се наоѓа во списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја по кого се трагаше со награда од 500 илјади турски лири (приближно 70 илјади долари).

Операциите против терористите во подрачјето продолжуваат.

Во меѓувреме, се неутрализирани и тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои вчера реализираа напад врз работниците кои работеа на изградба на водовод за носење вода за пиење во населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана пак, се истакнува дека од страна на турските тимови за утврдување и демонтирање на мини и рачни експлозивни направи во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, се уништени 6 гранати за хаубици коишто биле скриени од страна на терористите на ПКК/ЈПГ.

 



Слични вести