Спасени 62 мигранти кои биле турнати кон турските територијални води

Мигрантите кои се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли), со гумени чамци отпловиле од бреговите на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале

1443618
Спасени 62 мигранти кои биле турнати кон турските територијални води

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се спасени 62 мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води.

Мигрантите кои се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли), со гумени чамци отпловиле од бреговите на населеното место Ајваџик. 

Најпрвин била утврдена локацијата каде се наоѓале 62-јцата мигранти државјани на различни земји за кои се истакнува дека од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати назад (насилно вратени) кон турските територијални води.

Мигрантите кои беа спасени во близина на 'Ртот Девебојну беа качени на чамците на Командата на крајбрежната стража и потоа беа однесени во станицата на крајбрежната стража во месноста Ќучуккују кај населеното место Ајваџик, кај градот Чанаккале.



Слични вести