Реакција од Турција на „Извештајот за тероризмот во земјите во светот за 2019“ на САД

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој покажа реакција на „Извештајот за тероризмот во земјите во светот за 2019“ на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД)

1443684
Реакција од Турција на „Извештајот за тероризмот во земјите во светот за 2019“ на САД

Турција покажа реакција на „Извештајот за тероризмот во земјите во светот за 2019“ на Соединетите Американски Држави (САД).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој даде писмен одговор на едно поставено прашање до Министерството во врска со „Извештајот за тероризмот во земјите во светот за 2019“ на Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД).

Велејќи дека во извештајот се презентираат борбата на Турција против терористичката организација ДЕАШ и нејзините напори по прашањето на спречување на дејствата на странските терористи, Аксој привлече внимание дека воедно се нагласува оти продолжуваат терористичките напади на сепаратистичко-терористичката организација ПКК против интересите на Турција, внатре во границите на земјата и надвор преку границата. 

Портпаролот Хами Аксој подвлече дека безбедносните сили на Турција се единствените сили кои водат борба гради в гради со ДЕАШ. 

„Освен тоа, (Турција) исполнувајќи ги своите одговорности во спречувањето на дејствата на странските терористи обезбедува сериозен придонес за безбедноста на меѓународната заедница. Од друга страна, Турција во реализираните операции во борбата против терористичките организации преку границата секогаш ги презема максималните мерки за да не дојде до цивилни загуби.“ - констатира Аксој и го додаде следното: „Во извештајот се истакнува дека нашата земја ЈПГ ја оценува за сириски огранок на ПКК и се обидува да се затскрие тоа дека ЈПГ е иста терористичка организација со ПКК. Овој приод значи дека се избегнува отворено да се нагласи терористичкиот идентитет на ЈПГ, згора на тоа САД ја потврдуваат својата соработка со оваа терористичка организација.“

Од друга страна, отворено стојат и изјавите на функционерите, војниците и институциите на САД во врска со тоа дека ПКК е иста организација со ЈПГ. САД веќе треба да разберат дека додека се води борба против една терористичка организација не е правилно да соработува со една друга терористичка организација.“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој укажа на тоа дека во извештајот исто како и во претходните години се преиспитува својството на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) како терористичка организација и се критикуваат легитимните мерки коишто ги презема Турција во борбата против ФЕТО.

„Оваа состојба е доказ за тоа дека САД се уште го продолжуваат својот став со изоставување од вид на предавничкиот обид за преврат од 15 јули. Повторно се изоставени од вид десетици докази коишто се изнесени во врска со предавничката терористичка организација.“ - рече Аксој.

Нагласувајќи дека овој начин на сфаќање покажува оти „не сака да се сфати“ борбата којашто ја води Турција против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) која стои зад предавничкиот обид за преврат од 15 јули за време на кој станаа шехиди (загинаа) 251 невин цивил, портпаролот Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Мерките за коишто станува збор во извештајот, се мерки коишто се преземени од страна на Турција во борбата против ФЕТО, на правна основа.“



Слични вести