Претседателот Ердоган одржа видеоконференциска средба со младите преку социјалните медиуми

Претседателот Ердоган рече: „Единственото коешто го барам од вас е целата ваша енергија и целото ваше време да ги потрошите за да се надоградите себе си подобро, надвор од тоа решавањето на сите проблеми е наша задача“

1444061
Претседателот Ердоган одржа видеоконференциска средба со младите преку социјалните медиуми

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа видеоконференциска средба со младите којашто се емитуваше во живо преку каналите на социјалните медиуми.

Обраќајќи им се на учениците, претседателот Ердоган рече: „Единственото коешто го барам од вас е целата ваша енергија и целото ваше време да ги потрошите за да се надоградите себе си подобро, надвор од тоа решавањето на сите проблеми е наша задача.“

Ердоган истакна дека се обидуваат да ја водат Турција до нејзините поставени цели за 2023 година, а воедно напомена дека визиите за 2053 и 2071 година им се оставени во аманет на младите.

Осврнувајќи се и на борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече: „Од датумот кога е регистриран првиот случај на зараза во нашата земја водевме борба против епидемијата на коронавирусот којашто претставува пример за светот.“

„Тоа што засега не е намален на посакувано ниво дневниот број на случаи на зараза и смртни случаи, укажува на тоа дека не треба да ги оставиме вниманието и превентивните мерки.“

Инаку, во споделената објава денеска преку профилот „Ердоган дигитална медија“ беше известено дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во 16:30 часот по турско време ќе одржи видеоконференциска средба со младите којашто ќе се емитува во живо преку социјалните медиуми.

Видеоконференцијата се следеше во живо преку сметките на претседателот Ердоган на каналите на социјалните медиуми Јутуб, Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

 



Слични вести