Министерството за национална одбрана: Единствена цел на операцијата „Шепа-Тигар“ се терористите

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се вели следното: „Единствена цел на нашите јуначки Турски вооружени сили (ТВС) во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто продолжува успешно, се терористите“

1443934
Министерството за национална одбрана: Единствена цел на операцијата „Шепа-Тигар“ се терористите

Министерството за национална одбрана соопшти дека единствена цел на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто продолжува да се спроведува успешно против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, се терористите.

Во објавеното соопштение од Министерството се направени проценки во врска со операциите на Турските вооружени сили (ТВС) коишто ги реализира во борбата против тероризмот.

Во соопштението се вели следното: „Единствена цел на нашите јуначки Турски вооружени сили (ТВС) во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) којашто продолжува успешно, се терористите. Исто како и во претходните, и во оваа операција не е причинета и нема да биде причинета штета врз ниту еден сивил. Цивилите, невините лица и животната средина, историските, верските и културните објекти се недопирливи за Турските вооружени сили (ТВС).“

Се нагласува дека со истата внимателност (претпазливост) и чувствителност исто како и досега, по цена дури и на доцнење на операцијата, продолжува и во операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan).

„Нашата јуначка армија која продолжува да чекори по патот на нашите предци кои ги воспоставиле (однесле) мирот, правдата и спокојството во седум климатски области на три континенти, со поддршката и довите (молитвите) на нашиот честит народ продолжува да води борба против тероризмот согласно хуманитарните, етичките и меѓународните вредности, онака како што и доликува на нашата славна историја.“ - се подвлекува во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана.

 



Слични вести